Почина милијардерката Џослин Вилденстајн на 84 годишна возраст. Веста вчера ја потврди нејзиниот партнер Лојд Клајн за францускиот магазин „Paris Match“.
Џослин Вилденстајн починала од белодробна емболија во Париз.
„Нејзиниот партнер Лојд Клајн со тага ја објави смртта на Џослин Вилденстајн во Париз“, пишува магазинот.
Таа беше мажена за трговец со уметнички дела
Џослин и Лојд почнаа се зближија во 2003 година, а се свршија 14 години подоцна.
Инаку Џослин претходно беше во брак со трговецот со уметнички дела Алек Н. Вилденстајн, а тие двајца се разведоа во 1999 година, но не во пријателски односи.
Пред разводот, милијардерката почна со на опсежни зафати на пластична хирургија. Меѓуто, таа во неколку наврати изјави дека никогаш немала пластична операција и дека нејзиниот изглед е природен.
"Мислеше дека може да си го поправи лицето како парче мебел. Кожата не функционира на тој начин. Но, таа не сакаше да слуша", рекол нејзиниот поранешен сопруг, а поради својот изглед ја нарекуваа „жена мачка“.
Таа беше позната по својот екстравагантен начин на живот
Џослин била родена во Швајцарија, а нејзиниот татко, Арман Перисет, работел во продавница за спортска опрема, додека нејзината мајка Лилиан била домаќинка.
Џослин беше позната и по својот екстравагантен начин на живот, а еднаш пресметала дека нејзината годишна телефонска сметка изнесувала 60.000 долари, а трошоците за храна и вино 547.000 долари.
Вилденстајн по разводот од сопругот доби 2,5 милијарди долари, но се вели дека оваа сума изнесувала дури 3,8 милијарди, додека во следните 13 години добивала 100 милиони долари годишно. По разводот, Вилденстајн ја продаде куќата во која живееше со нејзиниот поранешен сопруг во Њујорк на претприемачката Џана Булок за 13 милиони долари.