Меган Маркл се врати на Инстаграм.
Таа на Нова година објави видеоснимка на која може да се види како трча на плажа, а потоа со прстите на песокот пишува „2025“. На крајот од видеоснимката, Меган се насмевна и се оддалечи од камерата. Некои мислат дека со враќањето на Инстаграм и со ова ново видео таа го најавила новиот проект, а други сметаат дека сакала само да ја честита Новата година. Инаку Меган ја исклучила опцијата за коментирање под видеото.
Многумина се изненадени од овој нејзин потег со оглед на тоа што Меган и Хари претходно рекоа дека нема да се вратат на социјалните мрежи „поради огромното количество на негативност и злоупотреба кои е невозможно да се преживеат“. Меган моментално има 644 илјади следбеници на Инстаграм, а на социјалните мрежи не беше активна од ноември 2017 година, кога се сврши со принцот Хари.
Тие ја штитат приватноста на децата
На Меган и Хари приватноста на нивните деца им е особено важна, а нивните фотографии парот ретко ги објавува.
Хари и Меган сакаат да ги држат децата подалеку од медиумите и јавноста. „Хари се двоумеше околу јавното покажување на децата, не од желба да ги сокрие, туку за да ја заштити нивната приватност и безбедност од потенцијални закани. Тој сака тие да водат што е можно понормален живот без страв од киднапирање или повреди“, изјави пријателот на принцот Хари за странските медиуми.
„Како татко и сопруг, Хари сака да се погрижи историјата да не се повтори“, додаде тој, мислејќи на судбината на мајката на Хари, принцезата Дијана. За Божиќ, Меган и Хари објавија семејна честитка со шест фотографии, вклучувајќи и ретка фотографија од нивните деца, синот Арчи (5) и ќерката Лилибет (3). На фотографијата децата трчаат кон Хари и Меган, а тие ги пречекуваат со раширени раце.