Актерот за животот пред обвинувањата за канибализам: „Ги искористував жените за да го нахранам егото“

Точка

02/01/2025

17:29

1.915

Големина на фонт

а а а

Актерот Арми Хамер (38) проговори за своето однесување во минатото. Тој призна дека ја изневерувал поранешната сопруга Елизабет Чемберс (42), но ги негираше обвинувањата за сексуална злоупотреба и канибализам. Сепак, тој вели дека ги искористувал жените за да го нахрани своето его.

„Луѓето беа мојата дрога. На пример, тоа што луѓето сакаа да имаат секс со мене, да ги прават сите тие работи, ми даваше чувство на моќ“, изјави актерот во разговорот со комичарите Кристина Пазсицки и Том Сегура во епизодата од нивниот поткаст „Your Mom's House“.


„Она што го правев беше дека собирав девојки, ги носев на патувања, имавме секс и се’ беше прекрасно. Но, на крајот ќе им кажев дека завршија добра работа и ќе заминев со некој друг“, додаде тој.

Обвиненијата имаа негативно влијание врз неговите финансии

Тој смета дека причината за некои негови постапки во текот на животот е траумата која ја доживеал на 13-годишна возраст, кога бил сексуално нападнат од свештеник. Тој зборуваше и за реакцијата на светот кога во јавноста се појавија наводите за злоупотреба и канибализам, кои се појавија среде Ковид-19 пандемијата.


„Ми се чинеше како светот да се распаѓа, а луѓето беа длабоко незадоволни со сопствените животи. А потоа се појавува оваа приказна во која актер сака да убива и јаде луѓе и сите одеднаш реагираа како: „Ох, ова е многу позабавно, ќе се фокусирам на тоа наместо на фактот дека не можам да ја напуштам спалната соба“, рече актерот.

Тој исто така кажа дека скандалот имал негативно влијание врз неговите финансии и менталното здравје. Откако престанал да добива улоги, се преселил во, како што рече, „мал стан“. „Бев во банкрот, морав да го продадам мојот камион бидејќи повеќе не можев да си дозволам бензин“, рече тој.


Кога се во прашање неговите сексуални фантазии, Хамер откри дека сака да ги врзува партнерките во текот на сексот, а исто така кажа дека дури и вежбал на кукла која ја купил во продавница.

„Ми се допаѓа идејата некој да е целосно мој. Дека можам да правам што сакам. Има нешто во тоа. Патем, особено ако си пијан или под дејство на дрога, испраќаш секакви пораки. И додека пишуваш „ќе ти го отсечам прстот на ногата и ќе го чувам во мојот џеб за да имам парче од тебе каде и да одам“, се насмевнуваш во себе“, рече тој.