Оваа земја е рај за електрични возила: Девет од десет продадени автомобили се електрични

Точка

02/01/2025

22:04

2.767

Големина на фонт

а а а

Во Норвешка, електричната мобилност доживува голем раст: девет од десет нови автомобили продадени минатата година беа исклучиво на батерии.

Според податоците на Норвешката автомобилска асоцијација (OFV), 88,9 отсто од новите продадени автомобили во 2024 година биле електрични возила, додека уделот во 2023 година бил 82,4 отсто.


Уште 2,7 отсто од новите патнички автомобили минатата година беа “plug-in“ хибриди, кои може да се полнат со електрична енергија или да користат фосилни горива. Автомобилите со чист дизел или бензински мотори заземаа само 3,1 отсто од пазарниот удел.


На крајот на годината имаше благ пад на интересот: во декември 85,5 отсто од новите автомобили беа целосно електрични. Сепак, во текот на претходните месеци, почнувајќи од јули, нивното учество беше постојано над 90 отсто.


Најпродавана марка беше „Tesla“, а потоа „Volkswagen“, „Toyota“ и „Volvo“. „Tesla Model Y“ остана убедливо најпродаван автомобил, но со значително помала продажба во споредба со 2023 година.


Минатата година, секој десетти нов автомобил во Норвешка припаѓаше на кинеска марка, што укажува на многу брз раст на нивниот удел на пазарот.