Актерот за снимањето на 18+ сцените со Натали Портман: „Тоа беше еден здодевен процес“

Точка

13/01/2025

19:02

1.881

Големина на фонт

а а а

Актерот Чарлс Мелтон во интервју за „Variety“ откри дека процесот на подготовка за снимање на интимна сцена со Натали Портман во романтичната драма на Нетфликс од 2023 година, „May, December“(„Пролет есен“), бил „иритирачки“ и напорен.

„Натали, режисерот Тод Хејнс и јас се сретнавме за да разговараме за сцената и да се увериме дека на сите им е удобно. Имаше неколку разговори за протетика, за тоа што е реално, а што не. И тој ден морав да ја носам таа протеза девет часа“,  открил тој.

„Ништо не испив ниту тоа утро ниту претходната вечер. Тоа беше досаден процес, но сепак полн со почит“, признал тој.

„Пролет есен“ е базирана на реален, контроверзен скандал што ја шокираше јавноста пред 20 години. Филмот е инспириран од вистинската приказна за американската учителка Мери Кеј Летурно која сексуално го злоставувала својот 12-годишен ученик Вили Фуалау. Поранешната учителка на крајот се изјаснила за виновна, а Летурно и Фуалау се венчале во 2005 година, откако била ослободена.