Анџелина Џоли призна: Лажела за да ја добие улогата која би можела да ѝ донесе Оскар

Точка

14/01/2025

14:34

1.566

Големина на фонт

а а а

Анџелина Џоли отворено призна дека лажела за да ја добие улога во филмот „Марија“. Холивудската ѕвезда е номинирана за Златен глобус за нејзиното толкување на оперската легенда Марија Калас во биографската драма и се смета за фаворит за Оскар. Меѓутоа, Анџелина толку многу ја посакувала оваа улога што на режисерот Пабло Ларен му го кажала она што тој сакал да го слушне.

Имено кога режисерот ја прашал дали знае да пее, Анџелина не се двоумела со одговорот, иако како што изјави, никогаш претходно не пеела.


„Никогаш не сум пеела. Некој еднаш ми рече дека не знам да пеам, малку се потсмеваше, а тоа целосно ме блокираше“, изјави таа за „Variety“. „Никому не му го кажав тоа, но тоа е дел од мене кој едноставно го потиснав. Кога Пабло ме праша дали знам да пеам, јас излажав“.


„Се разбира, никој не може да пее како Марија Калас. Никој. Но, ќе дадам се од себе“, додаде Џоли.

Анџелина призна дека на почетокот мислела дека ќе може да се „провлече“ во сцените со пеење, но сè се сменило кога почнала да оди на часови по музика.


Таа за магазинот „Best“ откри: „На почетокот направив грешка мислејќи дека ќе биде едноставно. Но, брзо сфатив дека оперското пеење не може да се лажира. Не сакав да се преправам дека пеам, но не сфаќав колку сериозно ќе биде тоа“.

Првиот час по музика беше емотивен. „Кога професорот ми рече: „Добро, застани цврсто на нозе, диши длабоко и почни да испушташ звуци“, почнав да плачам“, се потсети Анџелина.

Поддршката од семејството беше нејзиниот клучен мотиватор

Анџелина, која има шест деца со поранешниот сопруг Бред Пит, истакнува дека забележала напредок кај себе и според реакциите на нејзините деца.


„На почетокот беа горди затоа што се трудев, но по некое време почнаа да ми велат: „Мамо, навистина ти оди добро“, додаде таа.