На социјалните мрежи се појави видео кое го прикажува моментот кога Американец кој го загуби својот дом во пожарот во населбата Пацифик Палисадес во Лос Анџелес, повторно се сретнува со своето куче, за кое мислел дека загинало.
Кејси Колвин бил снимен во емотивен момент кога го пронашол своето изгубено куче Орео.
„Ох, душо! О, Боже, ти си жив!“, извикал Кејси.
Тој трчаше во кругови, липајќи, а во исто време радосно ги фрлаше рацете во воздух и извикуваше: „Да! О, ти благодарам, Исусе! Ти благодарам, Боже!“.
After the Palisades fire burned down his home, Casey Colvin feared the worst for his dogs, who he couldn't get back to despite desperately trying. But after five days, he and Oreo finally got a tearful and ecstatic reunion. "I'm never gonna let him go." 14/10 for all pic.twitter.com/LY6rP3OTTV
— WeRateDogs (@dog_rates) January 13, 2025
Кејси бил на работа кога му било наредено да го евакуира својот дом, а потоа поминал пет часа во сообраќај очајно обидувајќи се да ги спаси своите кучиња Орео и Тика Тика Тика.
„Буквално ги спасив од улицата, тие заслужуваат подобро од ова“, рекол тој.
Бидејќи не можел да се врати дома, пожарникар се понудил да ги бара неговите кучиња. Додека пожарникарот успеал да го спаси кучето Тик Тик Тик, Орео побегнал во населбата.
Набргу потоа, неговиот дом изгорел до темел. И покрај загубата, Кејси останал решен да го пронајде Орео, дистрибуирајќи флаери за исчезнатото куче на интернет и користејќи го „Еир таг“ што го имал на својот миленик за да се обиде да го лоцира.
Откако се вратил во она што останало од неговиот дом со професионален ловец на кучиња, Колвин конечно го нашол Орео како се крие среде нечистотијата и остатоците што ги оставил огнот.