Му ја зедоа капитенската лента, но ни сега не можат без него!

Точка

14/01/2025

20:31

1.726

Големина на фонт

а а а

Лука Карабатиќ нема да биде капитен, но и на овој Мундијал ќе игра за Франција.

Започнува Светското првенство во ракомет! Ќе се игра во Хрватска, Норвешка и Данска, а Франција првпат по децении ќе остане без Никола Карабатиќ. Најголемиот ракометар на сите времиња се прости на Олимписките игри во Париз, иако неславно без медал. Сепак, по се што има освоено, повеќе од 20 медали од големите натпреварувања, нема да му биде тешко.


Сепак, Франција не може без Карабатиќ! На селекторскиот список се најде пивотот Лука Карабатиќ, помалиот брат на Никола, во едно од неговите веројатно последни натпреварувања. Лука веќе има 36 години, за Франција одигра 146 натпревари и постигна 168 голови. Тој ќе биде еден од четирите пивоти во тимот, заедно со одбранбениот специјалист Карл Конан, Никола Турна и Лудовик Фабрегас, кој му ја „зема“ капитенската лента!


Во последните неколку натпреварувања лентата ја носеше Лука Карабатиќ, но сега е одлучено Лудовик Фабрегас да ја преземе веројатно затоа што се очекува генерациска смена во тимот. Лука во кариерата настапуваше за Монпеље, ПАУК и Пари Сен Жермен, а во кариерата има златен и сребрен медал од Олимписките игри, два златни медали, сребрен и бронзен медал од СП и два златни медали и бронзен медал од ЕП.

Французите ќе играат со Катар, Кувајт и Австрија. Оваа група ќе се игра во Пореч. Ќе бидат во група со Австрија, Кувајт и Катар.


Последниот список на Франција: Самир Беласин, Шарл Болцингер, Реми Дебоне, Дика Мем, Мелвин Ричардсон, Матје Гребил. Дилан Нај, Беноа Конку, Џулиен Бос, Реми Лагарт, Елохим Пранди, Тибо Бри, Лудовик Фабрегас, Лука Карабатиќ, Карл Конан, Никола Турна, Ајмерик Мин, Недим Ремили.