[ВИДЕО] Тешки зборови во студиото на „Канал 5“ - „Глуп си како точак“: Мирјана Најчевска упати погрдни зборови до Богојевски, се огласи и Петар по инцидентот

Точка

22/01/2025

11:19

4.110

Големина на фонт

а а а

Телевизиската дебата меѓу професорката Мирјана Најчевска и професорот Петар Богојевски воопшто не личеше на дебата меѓу двајца припадници на академската фела.

Најчевска во вчерашната емисија го напушти студиото, испровоцирана од, како што рече, однесувањето на Богојески. Ги упати зборовите „глуп си ко точак“. На тоа Богојески возврати дека „тие навреди може да ги чувате за вас бидејќи толеранцијата можете да ја пречекорите, а тоа не ви го дозволувам“.

- Вие се изгубивте и вечерва не знаете што говорите. Искрено ми е жал за вас, истакна претседателот на Македонски концепт, на што Најчевска го извади микрофонот и ѝ рече на водителката на емисијата: „јас со глупи како точак…извинете, изберете друг пат соодветен соговорник за мене“, по што го напушти студиото.

„Само Вистина“ со Мирјана Најчевска и Петар Богојески 21.01.2025

Мирјана Најчевска го нарече Петар Богојески глуп човек и го напушти студиото

Posted by Канал 5 Телевизија on Tuesday, January 21, 2025

- Ова е глуп човек, додаде професорката.

Петар Богојески се јави со коментар по инцидентот со Мирјана Најчевска кој се случи во Студиото на Канал 5 кога таа си замина од дебатата велејќи му дека тој е „глуп како точак“

„Почитувани граѓани, дозволете да се извинам за поведението на госпоѓа Најчевска во текот на денешната дебата на Само Вистина на Канал 5 Телевизија. Се надевам дека е се во ред со неа, посакувам добро здравје и да најде спокој во иднина.“ - напиша Богојевски.