ДКСК втора институција во државава според транспарентност за минатата година

Макфакс

22/01/2025

12:08

155

Големина на фонт

а а а

Во извештајот за транспарентност на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации, Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) односно транспаретноста на инситутицијата за минатата 2024 година е оценета на високо второ место.

„Во текот на 2024 година, ДКСК во рамките на институтот „Барање за слободен пристап до информации од јавен карактер“, добиени се 40 барања за одговор за информации од јавен карактер од кои 39 се одговорени во рамките на предвидените рокови, а едно е одбиено како незаконско. Тоа што сакаме да го потенцираме е дека сите барања односно одговори се од исклучително комплексен карактер со барани аналитички податоци за кои ДКСК соодветно обезбеди одговори кон засеганатите страни“, велат од ДКСК.

Извештајот за транспарентноста на државните институции беше дел од мониторинг процесот на Агенцијата во рамки на Акцискиот план за спроведување на Стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2023, кој има за цел унапредување на алатките за достапност на информации од јавен карактер.

„Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер во 2024 година ги оцени веб-страниците на државните институции, со фокус на редовното објавување и ажурирање на документите согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер“, истакнуваат од ДКСК.