Вучиќ помилува 13 лица приведени за време на блокадите, меѓу нив шест студенти и еден декан

Макфакс

29/01/2025

17:44

552

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Србија Александар Вучиќ донесе 13 одлуки за помилување, соопшти претседателството.

Меѓу нив има шест студенти, еден декан од Ниш и еден доцент на факултет од Нови Сад, пренесуваат српските медиуми.

Исто така, како што се наведува во соопштението, помилувани се четворица директори на училишта, како и еден помошен работник во училиште.

Решенија за помилување се доставени до Министерството за правда за спроведување на понатамошни постапки, се наведува во написите.

Претходно, претседателот на Србија, зборувајќи за барањата на студентите, вклучително и она за отфрлање на обвиненијата против уапсените и приведените на протестите, рече дека е подготвен да потпише помилување.