Убиен маж кој го палеше Куранот во Шведска: Ликвидацијата пренесена во живо на социјалните мрежи

Макфакс

30/01/2025

15:41

10.244

Големина на фонт

а а а

Салван Момика, познат по палењето на Куранот и обвинет за поттикнување омраза против муслиманите, е убиен во пукање во стан во Седертаље за време на пренос во живо на социјалните мрежи!

Шведската агенција за миграција неодамна го одобри неговото обновување на дозволата за престој бидејќи бил изложен на ризик од тортура во неговата татковина, Ирак.


Салван Момика (38) е убиен синоќа во неговиот стан во Седертаље, објави Афтонбладет.

Шведските медиуми објавија дека Момика бил вклучен во живо на ТикТок во времето кога бил убиен. Момика се опишувал себеси како либерален атеистички критичар и мислител.

Шведска во 2023 ја подигна опасноста од тероризам на второто највисоко ниво и предупреди на закани против Швеѓани дома и во странство откако палењата на Куранот ги разгневија муслиманите. Најголем дел од овие палења ги направи Момика, еднаш и пред најголемата џамија во Стокхолм. Шведска во прв момент сакаше да го депортира, но се откажа од тоа.