Панчев: Звезда може да се носи со сите екипи во Европа

Дерби

30/01/2025

13:19

649

Големина на фонт

а а а

Црвена Звезда со победа над Јанг Бојс во Берн (1-0) во заврши настапот за оваа сезона во Лигата на шампионите.

На вкупно осум натпревари „црвено-белите“ забележаа два триумфи (другиот е над Штутгарт) и со вкупно шест бода го заокружи овој дел на 29. место од вкупно 36. екипи со негативна гол разлика 13:22.

Меѓутоа без разлика на овој учинок, македонската фудбалска легенда Дарко Панчев смета дека Звезда покажала дека може да игра, да се носи со секој клуб во ова натпреварување.

- Добивме нешто друго, научивме дека можеме да се носиме со сите екипи од овој нов формат на најголемото европско клупско натпреварување. Најосновно: добар впечаток во значителен дел од завршениот циклус. Потоа, тука е играта која не беше соодветно наградена на некои натпревари.

- Се лансираа нови имиња, се стекна ново искуство и се најавува дека ќе има напредок и добивки на сите полиња во следната сезона. Тврдам верувам. Во исчекување на она што неизбежно ќе дојде или ќе пристигне, се надевам дека на поповолна ждрепка од претходната. Се приближивме до најголемите, - порача некогашниот напаѓач на клубот од Белград за „Спорт Клуб“.