Манчестер Сити беше на работ на елиминација од Лигата на шампионите, односно од тоа ги делеше едно полувреме со оглед на тоа што беа во негатива од 1-0 по првиот дел со Клуб Бриж за да по одморот се покажат во подобро светло и дојдат до триумф од 3-1 кој ги однесе во нокаут фазата каде ги очекува тежок тест затоа во во игра се екипи како Реал Мадрид и Баерн Минхен.
„Граѓаните“ ќе мора да бидат далеку подобри и за тоа е свесен Пеп Гвардиола кој издвои еден проблем кога е во прашање новиот формат на елитното натпреварување.
- Како гледач ми се допаѓа, никој не е сигурен, важни тимови можат да бидат елиминрани и тоа е убаво. Проблемот е што играме повеќе натпревари во септември, октомври, ноември… во иднина важни тимови можеби ќе го живеат она што го живееме оваа сезона. Бевме на 45 минути од елиминација… ништо не е здраво за готово.
- Некогаш водиш со 2-0 или 3-0 и се плашиш да го изгубиш тоа што го добиваш, а кога имаш негатива од 1-0, ти си надвор од Лигата на шампионите и неможеш ништо да нарпавиш… во вистински момент. ги наоѓаме голови. Беше навистина тешка група, фаза од нов формат, навистина многу тешко бидејќи со Интер играме навистина добро, а особено со Феенорд.
- Ама го направивме тоа, таму сме, за две недели ќе бидеме подобри отколку што сме сега бидејќи се враќаат нови играчи, нови засилувања. Против овие два гиганти, еден од нив ќе играме, па ќе видиме што ќе се случи, како ќе стигнеме, - порача Шпанецот.