„ЈСП имаше пракса дури и директорот и стручните служби на ЈСП, дури лично директорот учествуваше кога се правеа возни редови и менување на возни редови и линии. Доаѓам од локална самоуправа каде баш тоа сум го работел и сме седнувале со Јанушев кога беше директор на ЈСП и до детали со сите месни заедници сме се собирале со луѓе и сме правеле менување на возни редови по потребите на граѓаните“, истакна советникот од ВМРО-ДПМНЕ Тони Бојковски на денешната седница на Советот на Град Скопје обраќајќи се до директорот на ЈСП, Драги Кушовски и градоначалничката Данела Арсовска.
Бојковски посочи дека во минатото во менување и правење на возни редови на автобуси учествувале месните заедници, дел од администрацијата на самата општина, администрацијата на градот и директорот на ЈСП.
„Добро е како пракса месните и урбаните заедници да учествуваат во вакви работи затоа што се работи за населени места каде без разлика на се, и каде живее дали во Раштак или Автокоманда мора да дојде на работното место инаку ќе го избркаат од работа“, посочи Бојковски.