Маж избоден со нож во вратот во Франција: случајно се удрил во напаѓачот додека поминувал

Макфакс

30/01/2025

14:44

689

Големина на фонт

а а а

Уапсен мажот кој избоде лице во врат во францускиот град Лион. Член на семејството на напаѓачот го пријавил напаѓачот во полиција откако го препознал кога видеото од нападот станало вирално на интернет, а нападот се случил откако жртвата случајно налетала на него на метро станица.

Полицијата го уапсила напаѓачот вчера вечерта во неговиот дом во областа Венисие, јавуваат француските медиуми.

Претседателот на Метрополис Лион, Бруно Бернард, вчера вечерта на социјалната мрежа Х објави дека осомничениот е уапсен. „Откако се случи нападот го баравме лицето кое го нападна со нож нашиот корисник на метрото по судирот. Овој страшен напад веднаш ги активира нашите служби, а снимката од надзорната камера веднаш ја проследивме во полиција. Лицето штотуку беше уапсено“, напиша тој.

Бернард, исто така, се заблагодари на националната полиција за брзите напори во истрагата на инцидентот. „Нашите мисли се со оние кои беа жртви на овој чин“, додаде тој.

Инцидентот се случил во неделата, веднаш откако напаѓачот се симнал од возот на метро станицата Гилотиер во Лион. На снимката од надзорната камера се гледа како тој излегува од платформата и се упатува кон скалите, кога друг маж случајно се судри со него.

Се чини дека тие накратко размениле неколку зборови пред напаѓачот да го брка и да му забие нож во вратот. Потоа мирно се оддалечил, додека жртвата ја ставила раката на раната и збунето гледала наоколу, очигледно не знаејќи дека штотуку е избодена.

Напаѓачот веднаш побегнал од местото, а полицијата интензивно трагала по него. Во меѓувреме, итните служби на лице место му пружиле помош на оштетениот, по што тој бил пренесен во болница.

Очевидец изјавил за Frontières дека е „чудо“ што човекот го преживеал нападот.