„Vogue“ ја навреди Меланија Трамп: Ги воздигнуваа Камала Харис и сопругата на Бајден, а сегашната прва дама ја нарекоа „евтина магионичарка“

Точка

30/01/2025

17:00

874

Големина на фонт

а а а

Меланија Трамп, сопругата на американскиот претседател Доналд Трамп, се најде на удар на најпознатиот светски моден магазин.

„Вог“ (Vogue) ѝ се нафрли на Меланија Трамп, споредувајќи го изгледот на првата дама на Америка на новообјавената фотографија од Белата куќа со – магионичар!

Откако беше објавен на 27 јануари, нејзиниот портрет предизвика бројни реакции.

На таа фотографија Меланија е облечена во црно смокинг одело од „Долче и Габана“, бела кошула и елегантен ремен, а тоа не им се допадна на сите.


„Вог“ оцени дека нејзиниот избор на смокинг наместо традиционално сако или блуза го направил стајлингот на Меланија посоодветен за магионичар отколку за првата дама на САД.

„Меланија Трамп повеќе личеше на магионичар фриленсер отколку на јавен службеник“, напиша Хана Џексон (новинарка за мода во „Вог“) за црно-белиот портрет на белгискиот фотограф Режине Махо (Régine Mahaux).

Исто така истакна и дека изборот на таков стил не е изненадување со оглед на тоа што првата дама на Америка е позната по својот гламурозен начин на живот, но и по поврзаноста со реалните шоуа, бидејќи нејзиниот сопруг со години стоеше зад познатото шоу „The Apprentice“.


„Трамп повеќе изгледаше како да гостува во епизода од „The Apprentice“, отколку дека ја презема улогата на првата дама на САД“, додаде таа.

Иако портретот предизвика контроверзии, „Вог“ забележа дека Меланија изгледа поопуштено на оваа фотографија отколку на портретот од 2017 година, кога нејзиниот сопруг првпат стана претседател на САД.

Овој пат, пишува „Вог“, семејството Трамп ја покажува својата моќ и богатство преку софистициран круг технолошки лидери, кои присуствуваа на инаугурацијата во 2025 година.

Досега „Вог“ беше на страната на демократите, што не изненадува со оглед на тоа што главната уредничка Ана Винтур е позната демократка, а дури и се пишуваше дека таа ќе биде кандидат за амбасадор за време на администрацијата на Барак Обама.


Инаку, „Вог“ досега ја исклучуваше Меланија, со што ја прекина традицијата на претставување на претседателските сопруги на својата престижна насловна страница.