Тренчевска: Власта направи хаос со инспекторатите, пазарните инспектори не може да казнуваат

Макфакс

30/01/2025

15:51

472

Големина на фонт

а а а

Власта направи хаос со инспекторатите, а пазарните инспектори не може да казнуваат заради измените на законот за инспекциски надзор, кои ги направи на 25 декември и овие измени кои денес се на дневен ред, се задоцнети и беспредметни. Ова е невиден правен скандал и цунами во владеењето на правото, рече пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска, на денешната собраниска седница.

Таа укажа дека со измените на законот за инспекциски надзор, објавени во службен весник, всушност е избришан ставот 2 од членот 26, каде на инспекциските служби, државните инспекторати, им е укинато својството на правно лице.

– Како пазарниот инспекторат од 27 декември наваму ги врши инспекциските надзори? Иако претходно, министерот за економија и труд се изнасликаа со директорот на пазарниот инспекторат за времетрањето на мерките на кошничката, ама немаа храброст да им објаснат на граѓаните дека државниот пазарен инспекторат го губи својството на правно лице и нема никакво правно дејство на надзор. Како може да се преземат права и обврски, ако некој не постои повеќе од 30 дена и го изгубил својството на правно лице. Проблемот да биде уште посериозен, државниот пазарен инспекторат и државниот трудов инспектората во кој се вработни повеќе од 600 вработени, го изгубија својството на правно лице. Не можат да земат плата, затоа што заклучно со 27.12. 2024 инспекторатите го губат својството на правно лице. Немаат повеќе сопствена сметка, односно не се повеќе буџетски корисници од прва линија, а не се ниту превезени во министерството за економија и труд, рече Тренчевска.

Таа потенцираше дека со измените на ЗИН е суспендиран инспекцискиот надзор во државата. Државниот инспекторат за труд исто е така е орган кој ги штити прават на работниците и срамота е правата на вработените во инспекторатот, вклучително и на инспекторите, да бидат прекршени токму со измените на законот за инспекциски надзор, а овие измени денес на дневен ред, се само обид на незаконското да му се даде законска рамка.