Почина ѕвездата од серијата „Squid Game“: Пред само три месеци дознала за сериозната дијагноза: Пред само три месеци дознала за тешката дијагноза

24Вести

03/02/2025

17:16

1.913

Големина на фонт

а а а

Ли Џу-Сил, која во продолжението на хит-серијата „Игра на лигни“ („Squid Game“) ја играше улогата на Парк Мал Сун, почина три месеци откако ѝ беше дијагностициран рак на желудник, пишува „Мирор“.

Веста ја растажи бројната публика, а фановите на социјалните мрежи се простија од актерката.

„Не, мојата најдрага баба, нека ѝ почива душата во мир“, „Беше феноменална актерка. Почивај во мир“, „Зад себе остави трајно наследство. Нека почива во мир“, напишаа тажните обожаватели.


Инаку, пред 30 години, на актерката ѝ бил дијагностициран рак на дојка, а лекарите тогаш ѝ дале само еден месец живот. Во ноември минатата година ѝ бил дијагностициран рак на желудник, кој за жал не успеала да го победи.

Ли Џу-Сил ја започнала својата кариера во 1964 година, а најпозната е по улогите во корејската телевизиска серија „The Uncanny Counter“ и јужнокорејскиот хорор-филм „Train to Busan“. На обожавателите на „Игра на лигни“ им беше позната како мајката на Хванг Џун-Хо (кој го игра Ви Ха-Џун) и маќеата на Хванг Ин-Хо (кој го толкува Ли Бјунг-Хун) во втората сезона на серијата.


Втората сезона на „Игра на лигни“ собра повеќе од 126,2 милиони прегледи од објавувањето на Нетфликс на 26 декември, со што постави рекорд за најгледана серија на платформата во толку краток период. Нетфликс потврди, на радост на многубројните обожаватели, дека серијата ќе добие и трета сезона.