Колумбиец пее македонски песни среде Богота: „Како музичар од Колумбија мислев дека сум слушнал сè додека не ја открив вашата музика“

Макфакс

03/02/2025

20:47

1.787

Големина на фонт

а а а

Jaнко Пенафорт е професионален музичар од Колумбија, кој ја обожува македонската музика и со својот бенд има снимено голем број изведби на улиците низ Богота.

Тој има „Фејсбук“ страница насловена „Колумбиец пее на македонски“ на која што ги споделува видеата од македонските песни, а интересно е и што поттикнат од љубовта кон македонскиот фолклор го научил и македонскиот јазик.

Со љубов кон Битола и Македонија

Со љубов кон Битола и 🇲🇰Македонија - од пејачот Јанко и неговиот бенд од Колумбија и Венецуела.

Posted by Колумбиец пее на македонски on Tuesday 21 January 2025


Во настапот во срцето на Богота на „Битола мој роден крај“, тој вели:

„Јас не сум роден во Битола, не сум роден во Макеоднија. Ние сме во родени тука, во Богота и Венецуела, но јас многу го сакам вашиот прекрасен убав град Битола и оваа песна е за вас“.

🇲🇰Македонска песна - Македонско девојче - Јанко и неговиот колумбиски бенд

🇲🇰Македонска песна - Македонско девојче - Јанко и неговиот колумбиски бенд

Posted by Колумбиец пее на македонски on Thursday 9 January 2025


На уште едно од видеата со бендот ја изведуваат „Македонско девојче“.

„Како музичар од Колумбија, мислев дека сум слушнал сè. Ритми, мелодии, приказни што ги раскажува музиката… но потоа ја открив македонската музика. И да ви кажам, тоа е нешто што никогаш досега не сум го слушнал“, вели Пенафорт.

Колумбиецот неодамна ја посетил Македонија.

Македонската музика не е нешто што често се слуша во мојата земја - Колумбија. Сепак, неодамна ја посетив вашата прекрасна земја и се заљубив во нејзината музика. Ми се допадна звукот на оваа песна "Море сокол пие" и решив да ја научам и да ја изведувам. Ве молам, кажете ми што мислите.

Posted by Колумбиец пее на македонски on Friday 15 November 2024