Ковач ги расчисти дилемите околу капитенот во Борусија: Ќе биде уште подобар со мене

Дерби

05/02/2025

11:53

187

Големина на фонт

а а а

Нико Ковач реши да го преземе кормилото во Борусија Дортмунд и да го преземе четвртиот тим во Бундеслигата, откако хрватскиот стручњак претходно работеше како тренер и во Ајнтрахт Франкфурт, Баерн Минхен и Волфзбург.

Ковач се враќа на најголемата сцена во германскта елита после 10 месеци и вели дека тоа го прави со огромна мотивација и сатисфакција, особено поради тоа што ќе работи во еден од најдобрите клубови во земјата.

Борусија Дортмунд ќе биде негов втор најголем предизвик во кариерата по оној кој го имаше во Баерн, па сега останува да се види дали Хрватот ќе успее да го врати тимот на прав пат, откако „милионерите“ имаа навистина лош прв дел од сезоната.

На својата промоција на „Сигнал Идуна парк“, Ковач уште на стартот реши да расчисти една голема дилема, и тоа поврзана за капитенот на Борусија.

Емре Џан доби многу критики изминатиот период и дури почна да се пишува дека ќе остане без капитенската лента, нешто што сепак беше демантирано од новиот тренер.

– Капитенската лента останува на раката на Емре Џан, на него гледам како лидер на овој тим. Тој е германски репрезентативец, станува збор за искусен играч кој има играно на најголема сцена. Чувствувам дека се чувствува комотно и дека ќе биде уште подобар со мене. Веќе имав разговор и му кажав што очекувам од него, – изјави Ковач.