Синот на Џордан приведен во Америка поради поседување кокаин, полицајците го снимиле моментот: Јас сум син на „Ем-Џеј“

Дерби

05/02/2025

12:58

856

Големина на фонт

а а а

Маркус Џордан е син на легендарниот Мајкл и во минатото се покажа како личност кој знае да има проблеми со законот, но овојпат се обидел да го искористи името на неговиот татко за да се извади од непријатна ситуација.

Имено, како што информираат американските медиуми, 34-годишниот Маркус бил приведен од полицијата поради тоа што возел во алкохолизирана состојба, но во автомобилот бил пронајден и кокаин.

Синот на Џордан ги навредувал службените лица и давал отпор пред да биде уапсен, но истовремено им порачувал на полицајците дека негов татко е големио Ем-Џеј.

Од прикажаната снимка на „ТМЗ“, снимен е моментот кога Маркус излегува од својот автомобил со кој се заглавил во близина на железничка пруга, како и секвенци од неговиот разговор со полицајците.

– Јас сум син на Мајкл Џордан, не правам ништо погрешно и се обидувам само да стигнам до дома. Направив само погрешно вртење и се заглавив во пругата…., – порачал Маркус, кој се обидел да го искористи значењето на неговиот татко за да се извади од голем проблем.