Леброн: Среќен сум што ќе го имам Дончиќ крај себе, но…

Дерби

05/02/2025

11:57

404

Големина на фонт

а а а

НБА лигата и американските фанови сè уште не можат да поверуваат дека Далас се ослободи од Лука Дончиќ и го трејдуваше во Лос Анџелес Лејкерс, тим кој рано утрово за првпат на својата клупа го имаше фантастичниот словенечки кошаркар.

Дончиќ од клупата ја гледаше победата на неговите нови соиграчи во дуелот со ЛА Клиперс, а иако не играше, мора да се напомене дека режисерот доста често го ставаше Словенецот во прв план додека седеше на клупата.

Тоа овозможи да бидат уловени неколку негови реакции по поени на Леброн Џејмс, кој инаку како најголема ѕвезда на Лејкерс конечно реши да проговори за фамозниот трансфер.

– Ќе биде специјално што ќе го имаме Дончиќ со нас, знам дека многу погледи сега ќе бидат свртени кон нас. Нашиот офанзивен капацитет сега ќе биде многу подобар, моја и негова цел ќе биде да го водиме тимот напред.

– Лука е фантастичен и голем играч, има само 25 години и се уште не го достигнал врвот на кариерата. Досега направи неверојатни работи во нашата лига и среќен сум што ќе го имам Лука крај себе. Лос Анџелес е среќен, но мора да признаам дека се ова се уште изгледа нереално за мене, – изјави Леброн.