Николај Јакобсен ја презема репрезентацијта на Данска во 2017-та година, а оттогаш наваму, скандинавската селекцијата се претвори во неверојатна ракометна велесила која сега испишува нови страници во историјата на оваа игра.
Данците во неделата сосема заслужено стигнаа до четвртата последователна титула на Светските првенства и само ја докажаа својата доминација на мундијалите, а овој неверојатен учинок направи Јакобсен да се запише во историјата на ракометот како прв тренер кој освоил четири титули во низа.
Данскиот селектор покажа голема класа по големото финале и му испрати посебна честитка на неверојатниот Домагој Дувњак, но во една од завршните пози на Светското првенство, привлекол внимание и поради бројот на златни медали во својот џеб.
Покрај оној на својот врат, Јакобсен додал уште два златни медали во својот џеб, а на новинарите им открил во чии раце ќе завршат овие одличја.
– Медалите ги земав за Кевин Мелер и Јакоб Холм. Сметам дека и тие двајца заслужија да имаат златни медали, – изјавил Јакобсен за „ТВ2“.
Двајцата играчи беа дел од данскиот состав на стартот на 29-то Светско првенство, но Мелер го напушти кампот поради раѓање на дете, додека Холм како резерва беше предвреме испратен во неговиот клуб ПСЖ.