Невил шокиран од последната тактичка одлука на Аморим: Или експериментира, или воопшто не им верува на двајца играчи

Дерби

05/02/2025

12:29

372

Големина на фонт

а а а

Гери Невил во вчерашното обраќање во својот подкаст посочи дека Рубен Аморим успеал да направи нешто што малку кој го очекуваше кога Португалецот го презема тимот, односно заклучи дека новиот менаџер всушност успеал да ја влоши ситуацијата во Манчестер Јунајтед.

Според Гери, овој тим на Аморим изгледа уште полошо од оној кој го водеше Ерик Тен Хаг, па покрај предупредувањето кое го испрати до Португалецот, реши да изанализира уште една негова одлука, и тоа од последниот натпревар во Премиер лигата.

Рубен изненади многумина со тоа што го стартуваше овој натпревар без класичен напаѓач, или поточно, со тоа што реши да го игра Коби Мејну како „лажна деветка“ на местото на Хојлунд и Зиркзе.

– Ми паѓаат на памет само една, или две работи. Или експериментира и се обидува да пронајде ново решение кое ќе функционира за тимот, или воопшто не верува во напаѓачите кои ги има.

– Кога го видов стартниот тим, мислев дека Фернандеш ќе биде најофанзивен, но кога го видов Мејну, тоа беше џекпот за Кристал Палас. Не велам дека играчите на Палас ќе паничеа со Хојлунд или Зиркзе, но стварно не гледам кој ќе постигне гол ако немате таков голем играч во нападот, – вели Невил.