Мартин претрпе ужасен пад во Малезија, светскиот шампион експресно префрлен во болница

Дерби

05/02/2025

12:55

582

Големина на фонт

а а а

Најдобрите мотоциклисти во Мото ГП шампионатот почнаа со тестирањата за новата сезона, а реактивирањето на стазите за жал донесе еден непријатен инцидент.

Тестот во Сепанг рано утрово беше одбележан од еден тежок пад на актуелниот светски шампион, кој поради силинаа на ударот, морал да биде пренесен во болница.

Хорхе Мартин ја тестира својата нова Априлија откако направи трансфер од Дукати на крајот на минатата сезона, а очигледно е дека допрва ќе мора да се адаптира на овој мотоцикл.

Мартин загуби контрола во вториот свиок на патеката во Малезија и силно удри со глава во асфалтот, што беше доволно да се вклучи алармот и веднаш да биде испратен на детални прегледи во болница.

Ова беше втор пад на Мартин за време на тренингот на Сепанг, а првичните информации кои пристигнуваат од болница велат дека Шпанецот има болки во едната рака и едната нога, како и потрес на мозокот.