Алкарас изведе тениско лудило кое ќе биде кандидат за поен на годината, па и самиот го сподели на социјалните мрежи

Дерби

07/02/2025

11:49

449

Големина на фонт

а а а

Карлос Алкарас не пронајде вистински противник во Андреа Вавасори и за еден час и пет минути игра се пласираше во четвртфиналето во Ротердам, турнир кој дефинитивно ни дава еден ран кандидат за поен на годината.

Шпанскиот тенисер загуби само три гејма и со 6:2 и 6:1 се пласираше меѓу осумте најдобри во Холандија, но на овој меч изведе и едно тениско лудило кое навистина вреди да се погледне повеќепати.

Алкарас најпрво издржа страшен напад, потоа со циркуски удар некако по вторпат успеа да остане во игра, а кога се чинеше дека тешко ќе пронајде одговор и по третпат, режираше неверојатно прецизен пасинг удар од основната линија.

Карлитос со голема насмевка на лицето го проследи овој поен и не ја криеше сатисфакцијата, па дури и самиот реши да го сподели преку својот официјален профил на „Икс“.

Алкарас веќе денеска го игра своето четвртфинале во Ротердам, а ривал ќе му биде неговиот сонародник Педро Мартинез.