[ФОТО] Таа има 26, тој 65 и – пет бракови зад себе: Легендарниот фудбалер ја заведе 39 години помладата манекенка

Точка

13/06/2025

17:31

2.186

Големина на фонт

а а а

Легендарниот германски фудбалер Лотар Матеус (65), повторно го привлече вниманието на јавноста поради својот љубовен живот.

Познат како голем заводник, Матеус зад себе има дури пет бракови, а сега повторно е во центарот на вниманието поради врската со девојка која е 39 години помлада од него.

Станува збор за Тереза Зомер (26), Инстаграм манекенка која во последните месеци беше забележана во друштво на добитникот на „Златна топка“ од 1990 година на неколку јавни настани.


Јавноста за нивната врска првпат дозна на почетокот на мај, кога двојката застана пред камери и фотообјективи на познато скијалиште. Во кратка изјава за австриска телевизија тогаш изјавија: „Дојдовме поради скијањето, а сè друго е приватна работа!“

Парот повторно беше забележан неодамна на натпреварот помеѓу Германија и Португалија, во рамки на Лигата на нации, кој се одигра на „Алијанц Арена“ во Минхен. Фотографи ги уловија и во заедничка возачка авантура.


Последната сопруга на славниот Германец, Анастасија Климко, беше 27 години помлада од него. Но сега, Матеус го „сруши“ и тој личен рекорд, бидејќи неговата нова партнерка е 11 години помлада од претходната.

Според податоци на "LinkedIn", Тереза Зомер студирала економија и менаџмент на „Кингс колеџ“ во Лондон, а потоа и психологија на Универзитетот во Дурам.