[ВИДЕО] Хакери пренасочиле камион за испорака и украле "Rolls-Royce Dawn"

Точка

08/02/2025

19:15

7.634

Големина на фонт

а а а

Кога ќе се купи нов автомобил во САД, постои можност тој да биде испорачан откако ќе биде транспортиран стотици, ако не и илјадници километри, а овој временски период крадците се повеќе го користат како можност за кражба на егзотични модели.

Надер Елдамуни и неговиот деловен партнер од Мичиген станаа жртви на кражба. Тие решиле да купат кабриолет "Rolls-Royce Dawn" вреден 300.000 евра, кој се наоѓал на Флорида, па бил потребен превоз од 2.090 километри до домот на Надер во близина на Детроит.

Елдамуни, кој веќе поседува "Lamborghini", "Rolls-Royce Phantom" и "Mercedes-Benz G-Class", никогаш не го добил својот нов "Dawn", бидејќи автомобилот не бил испорачан на адресата откако бил натоварен во камион на 18 јануари.

На сличен начин „исчезна“ и "Ferrari' што требаше да биде испорачано од Њујорк во Хјустон, но заврши во Мајами.

За се е виновен хакер

Минатата година се појавија информации за криминалец од Флорида кој го хакирал компјутерскиот систем на компанијата за испорака "Dealer’s Choice Auto Transport", што му овозможило пристап до распоредот на испорака и информациите за контакт на возачот.

Тој можел да ја смени и адресата за испорака на неколку луксузни автомобили, меѓу кои "Mercedes GLS600 Maybach" вреден околу 200.000 долари и "SUV" "Rolls-Royce Cullinan" за кој биле издвоени 400.000 долари.

„Криминалецот го хакирал профилот на возачот и знаел кои возила ќе се превезуваат, како и каде се превезуваат. Контактирал со возачот на кој му се претставил како клиент и му дал нови информации со инструкции каде треба да се испорача автомобилот“, изјави за "WSVN" Стивен Јарив, директор на транспортната компанија.