Виновникот за пеналот на Сити му се заблагодари на Брахим: Ти благодарам што ме спаси од греење клупа

Дерби

12/02/2025

12:53

2.180

Големина на фонт

а а а

Дани Себалјос ја контролираше играта на Реал Мадрид на „Итихад“ и беше еден од најдобрите играчи на теренот, но малку фалеше да биде виновник и трагичар на гостувањето во Манчестер.

Откако мајсторски асистираше до Мбапе за израмнување на 1:1, Себалјос беше играчот кој го сруши Фоуден и кој направи наивен пенал, а откако беше изваден од игра, Реал успеа да направи пресврт со двата погодоци на Брахим Дијаз и Џуд Белингам.

Играчите на Реал на големо прославија уште една важна победа против англискиот првак, па така на социјалните мрежи се истакна и пораката која ја напиша Себалјос.

Во Инстаграм објавата на Брахим за постигнатиот гол за 2:2, Дани го украде вниманието со напишаниот коментар, заблагодарувајќи му се на својот соиграч на навистина урнебесен начин.

– Ти благодарам што ме спаси од греење клупа во наредните два месеци……, – му порача Себалјос на Дијаз.