Катастрофа за Арсенал: Хаверц ја заврши сезоната

Макфакс

12/02/2025

14:42

2.219

Големина на фонт

а а а

Германскиот репрезентативец, Каи Хаверц, се здобил со сериозна повреда на тренинг кампот во Дубаи. Менаџерот на Арсенал Микел Артета сега има сериозен проблем, бидејќи веќе не може да смета на Букајо Сака, Габиел Мартинели и Габриел Хесус.

Новинарот на британски „Атлетик“. Дејвид Орнштајн тврди дека Каи Хаверц ја скинал тетивата.

„Атлетик“ објави дека допрва следуваат детални прегледи, дека се уште не е утврдено дали ќе биде неопходна операција, но дека сезоната 2024/25 за Хаверц е дефинитивно завршена.

Германскиот репрезентативец беше стандарден во досегашниот дел од сезоната, постигна 15 гола на 34 настапи во сите натпреварувања.