Парис Хилтон не можеше да одолее и да не се насмее на постојаното користење на зборот „е..“ (f..k) од страна на нејзиниот син Феникс во видео кое го сподели на ТикТок во вторникот, пренесе „Пејџ сикс“.
Во снимката, Парис изгледала како да вечера со малиот Феникс, кога тој ја изненади со изговарање на пцовката.
„Кога мислите дека снимате сладок момент и тогаш…“, напиша Хилтон во описот на видеото.
Хилтон во еден момент го прашала својот сопруг Картер Реум: „Дали штотуку го слушна тоа?“ и почнала силно да се смее. Реум потоа одговорил: „На видео е?“
Риалити ѕвездата потоа го прашала својот син: „Што кажа?“, а Феникс потоа уште еднаш сочно опцул.
Таа продолжи да се смее со својот син, признавајќи дека „не може да се воздржи да не се смее“.
Кога 2-годишното дете кажало уште една пцовка, Хилтон шокирано го гледала својот син со отворена уста.
Таа во описот на видеото напишала: „Како можеш да не се смееш на ова?!“ и додала: „Знам дека не треба да се смеам, но не можам да се воздржам! Малите деца се всушност мали комичари”.