[ВИДЕО] Психотерапевтка објасни што претставува микро-изневерување и како може да ја загрози љубовната врска

Точка

20/02/2025

19:12

1.932

Големина на фонт

а а а

Иако партнерот/ката не направил/а ништо физички погрешно, таканареченото микро-изневерување може да ја уништи вашата врска.

Психотерапевтката Дебора Кревалин е специјализирана да им помага на паровите успешно да комуницираат. На нејзиниот ТикТок профил, таа откри како да препознаете дали вашиот партнер/ка се занимава со „микро-изневерување“.

„Традиционалното изневерување е јасно, тоа е однесување без почит и е целосно за осуда. Кај микро-изневерувањето има уште неколку прикриени и суптилни неприфатливи однесувања“, објасни Кревалин.


Од друга страна советничката и експерт за односи Мелани Шилинг објасни дека личноста која се занимава со микро-изневерување е некој кој е емоционално или физички фокусиран на некој надвор од врската.

Тие можеби не гледаат проблем во нивното флертувачко однесување бидејќи нема физички контакт, но токму за тоа се работи. На пример, од време на време тие може да прегледуваат апликации за запознавање, да испратат неколку флертувачки пораки, да се допишуваат со некого или да го скријат статусот на нивната врска на социјалните мрежи.

Како да препознаете личност која се занимава со „микро – изневерување“?

„Тоа се СМС пораки, приватни разговори на социјалните мрежи, слики и пораки, но на крајот намерата е иста. Таа очигледно е предавство“, објасни психотерапевтката Кревалин.

Постојат неколку значајни предупредувачки знаци кои можат да укажуваат на тоа дека вашиот партнер/ка сака да „игра“.


„Ако вашиот партнер е малку таинствен, не сака да ви го даде својот телефон, постои шанса дека се работи за микро-изневерување“, додаде Дебора.

Исто така експертката за односи Сузан Винтер предупреди дека треба да обрнете внимание на тоа како вашиот партнер/ка комуницира со другите, а ако начинот на кој го прават тоа предизвикува да се чувствувате непријатно, таа советува директно да му пристапите на проблемот.

Таа објасни дека најдобриот начин да се справите со потенцијалното микро-изневерување е дипломатски да зборувате за она што ве мачи, пренесе „LADBible“.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk