Најчести повреди при интимни односи: Една поза е особено опасна за мажите

Точка

22/02/2025

19:07

4.364

Големина на фонт

а а а

Лекарите од итната медицинска помош за „Дејли Мејл“ ги откриле најчестите повреди со кои се соочуваат нивните пациенти за време на сексот. Меѓу другото, тие рекоа дека мажите почесто доаѓаат со ваков тип на повреди отколку жените.

Овие мажи се претежно на возраст од 20 до 40 години. Експертите исто така додадоа дека тие чекаат по неколку часови, па дури и неколку денови пред да побараат лекарска помош и нагласија дека итното лекување е од клучно значење, пренесе „Дејли Мејл“.


Бери Хан, лекар од итната помош во Њујорк, рече дека повеќето повреди се случуваат во пределот на пенисот. Крвните садови пукаат, а половиот орган се деформира и отекува. Дарис Гилеспи од Џорџија додаде дека секоја поза што не е мисионерска носи ризик од повреда. Лекарите исто така изјавија дека позата „обратна каубојка“ (reverse cowgirl) е најопасна за мажите. Во оваа поза, партнерката е на врвот, со свртен грб.

И двајцата лекари нагласија дека фрактурата на пенисот е меѓу најчестите повреди.

„Во пенисот нема коски, но има сунѓересто ткиво. Тоа станува тврдо и отекува за време на сексуалното возбудување, но луѓето можат да го повредат во одредени случаи“, објасни Гилеспи.


Пациентите можат да слушнат пукање, проследено со отекување на пенисот и ненадејно губење на ерекцијата. Може да се појави и крвавење. Во случај на фрактура на пенисот неопходно е да се изврши операција, а закрепнувањето може да потрае и до шест недели.

Меѓу другото чести се и повредите предизвикани од употреба на прстен за пенис, познат и како прстен за ерекција, кој служи за одржување на ерекцијата. Во некои случаи истиот може да се заглави.


„Ако пациентот брзо не побара помош, може да дојде до оштетување на пенисот бидејќи на ткивото му недостасува кислород и нова крв“, рече Гилеспи.

Очекувано, луѓето доаѓаат во итна помош и поради користење на разни работи за време на сексот. Тие вклучуваат шишиња, па дури и светилки, кои се заглавуваат во ректумот.

Иако тоа поретко се случува, можно е и жените да се повредат за време на сексот. Тие можат да се здобијат со исеченици или модринки во вагиналната област. Ова може да биде предизвикано од употреба на секс играчки или поради недоволна влажност.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk