Составот на Лос Анџелес Лејкерс доби уште една битка со градскиот ривал Клиперс во НБА лигата, па така откако пред неколку дена го победи со 106:102, рано изутринава го надигра со 108:102.
Со ова „езерџиите“ само потврдија дека се во одличен ритам затоа што ова беше шести триумф во низа со што дојдоа до второто место на Западот. До новото славје дојдоа без услугите на двајца стартери Ривс и Хачимура, ама затоа тука беше Дончиќ кој влегува во форма и уфрли 29 поени со 6 скока и 9 асистенции.
На двете пресметки со Клиперс, Словенецот уфрли вкупно 60 кошеви што јасно говори дека е на вистинскиот пат и станува лидер на клубот од Калифорнија. Џејмс имаше поени со 9 асистенции, одличен од клупата со пет тројки и вкупно 19 поени беше Кнехт.
Залудни за гостите беа пак 33 поени на Ленард.
РЕЗУЛТАТИ:
Мајами – Њујорк никс 112:116 (прод.)
Орландо – Торонто 102:104
Сан Антонио – Оклахома 132:146
Јута – Њу Орлеанс 121:128
ЛА Лејкерс – ЛА Клиперс 108:102
Финикс – Минесота 98:116
Бостон-Денвер 110:103
Кливленд-Портланд 133:129 (прод.)
Индијана-Чикаго 127:112