Хамилтон го откри својот автомобил од соништата – вреди 7 милиони евра

Точка

03/03/2025

17:38

1.335

Големина на фонт

а а а

Седумкратниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, во февруари минатата година ја објави својата одлука дека по 12 години соработка го напушта "Mercedes" и ја продолжува кариерата во "Ferrari".

Четириесетгодишниот Британец, кој освои шест светски титули со "Mercedes" откако претходно ја обезбеди својата прва титула со "McLaren", е дел од Формула 1 од 2007 година.

Возењето на болид на "Ferrari" во Формула 1, според Хамилтон, претставува исполнување на детскиот сон, а со легендарниот тим потпиша повеќегодишен договор со годишна плата од околу 50 милиони евра.


Љубовта кон "Ferrari 250 GT California Spyder"

Во интервју за "TIME", Хамилтон ја сподели својата страст кон "Ferrari 250 GT California Spyder", легендарен кабриолет што стекна култен статус откако се појави во филмот „Ferris Bueller’s Day Off“ (1986).

Замислувајќи го својот идеален живот по пензионирањето, тој изјави: „Тоа е совршениот автомобил за пензионирање.“

Тој додаде дека се гледа себеси како вози по пацифичката крајбрежна магистрала заедно со својот булдог Розко:

„Можам да се замислам со Розко, тој со шал и очила на седиштето до мене, како се возиме“.

"Ferrari 250 GT California Spyder", произведен помеѓу 1957 и 1963 година, е еден од најценетите модели на "Ferrari". Дизајниран од Серџо Скалиети, овој автомобил комбинира "V12" мотор, елегантни линии и тркачко наследство, што го прави симбол на автомобилскиот луксуз.


Хамилтон: „Можеби ќе бидам тука до 50-тата година“

Во светот се произведени само 106 примероци од овој модел. На аукција во 2015 година, еден примерок што некогаш му припаѓал на Ален Делон бил продаден за 16.3 милиони евра (тогаш 18.5 милиони долари), што денес, со приспособување на инфлацијата, би вредел околу 24.8 милиони долари. Според проценките на "Classic.com", моменталната просечна вредност на "250 GT California Spyder" изнесува околу 7 милиони долари.

И покрај спекулациите за евентуално пензионирање, Хамилтон брзо ги демантираше таквите гласини.

Во истото интервју изјави:

„Она што можам да ви кажам е дека пензионирањето воопшто не ми е на ум. Можеби ќе бидам тука и до 50-тата година, којзнае.“