Манчестер Сити има сезона далеку под очекувањата, а една од причините за тоа е отсуството на клучниот играч, „златната топка“ за 2024 година, репрезентативецот на Шпанија, Родри.
Играчот за врска се повреди во раната фаза на натпреварувачката 2024/2025 и тоа во дербито со Арсенал, настрадаа лигаментите на коленото, но закрепнувањето оди во позитивна насока и тој почна да работи со топка и веќе се говори за негов кам-бек на терените во текот на оваа кампања.
Тренерот Пеп Гвардиола е задоволен што неговиот сонародник напредува, ама јасно и директно порача дека нема да се носат глупави одлуки.
- Навивачите мора да знаат дека не се единствени кои се возбудени. Поминаа пет месеци, шест месеци. Ама чекор по чекор, не мора да носиме глупави одлуки за да го вратиме неколку недели порано. Добро е, но сепак не е блиску до враќање, би рекол. Ама ја допира топката, во соблекувалната има контакти со играчите.
- Тој се чувствува самоуверен, се чувствува посреќен. Не можев да очекувам да се вратипред крајот на сезоната, дури ни на Светското првенство [клупско]. Но, во Премиер лигата можеби тоа ќе се случи, - порача предводникот на „граѓаните“.