Милан претрпе уште еден пораз во Серија А, трет во низа и тоа во пресметката со Лацио кој го освои „Сан Сиро“ со 2-1 со погодок од пенал во 98 минута.
Ова е трета средба во серија која „росонерите“ ја губат со идентичен резултат, па ова станува проблем, а и атмосферата станува се полоша.
- Лоша. Тешко е да се зборува за ова ситуацијата, не е позитивна и тешко е да се најде одговор. Има горчина, но мора да се обидеме да го притиснеме копчето за одмор. Можеби изгледа како клише, но мораме да се погрижиме сезоната да заврши со поинаква нота. Резултатите едноставно не доаѓаат и ние мора да се обидеме да останеме обединети, завршувајќи ја оваа кампања со гордост, - вели дефанзивецот Матео Габија кој за протестите на навивачите истакна:
- „Не се чувствувам способен да давам никакви прогласи. Мораме подобро, па ако стигнат резултатите, тогаш атмосферата на Сан Сиро ќе биде поинаква. Се најдовме во оваа ситуација и мора да се обидеме да излеземе од неа. Се работи за тоа да имаме вистински позиции и форма кога ја губиме топката. Разбирам дека може да изгледа банално, но нашата цел е да се обидеме да ги подобриме нашите дефекти, - порача Габија.
„Росонерите“ во наредното коло му гостуваат на Лече.