Хаос во Србија: Навивачите на Војводина се тепаа меѓу себе, младо момче заработи тешки повреди

Дерби

03/03/2025

12:24

300

Големина на фонт

а а а

Војводина загуби од Спартак Суботица (1:3) на средбата во првата лига на Србија, но конечниот еполог остана во втор план, а причината за тоа се домашните навивачи.

Имено дојде до пресметка меѓу различни фракции на навивачката група, па оние од северната трибина се упатија кон источната по што настана вистински хаос, летаа факели, се кршеа столици, се користеле и метални шипки, а едно 22-годишно момче заработило тешки повреди и е пренесен во Ургентниот центар во Нови Сад.