Волкот издвои три имиња како засилувања за Арсенал

Дерби

03/03/2025

13:29

607

Големина на фонт

а а а

Тео Волкот е играч кој најголемиот дел од својата кариера ја мина во редовите на Арсенал, па како ас со стаж во клубот дефинитивно посакува истиот да бележи успеси, да освојува титули.

„Топчиите“ ги имаат Премиер лигата и Лигата на шампионите до крајот на сезоната и останува да се види дали ќе можат да одат до крај во двете натпреварувања, а во меѓувреме Волкот имаше можност да даде препорака со „топчиите“ на тема засилувања во летниот преоден рок.

- Не мислам дека на Арсенал му се питребни тројца нови играчи, би рекол дека му треба само еден. Исак е оној кој сите го посакуваат. Ама ако ми држиш пиштол на глава и да кажеш уште двајца, веројатно би рекол некој како Мбеумо од Брентфорд за малку покривање за Сака. Да се ​​има мал притисок врз вашата позиција е секогаш добро исто така.

- Можеби би ги тестирал работите со друг напаѓач на левата страна бидејќи се е до постигнување голови за Арсенал. Тие навистина не примаат голови овие денови.

- Знам дека ќе биде неочекувао, но би погледнал во некој како Хадсон-Одои, тој игра на левата страна. Веројатно не очекувавте дека ќе го кажам тоа, но ме фативте неподготвен, - вели Волкот за „ДР Спортс“.