[ФОТО/ВИДЕО] Чудесната плажа покрај заливот кој станува „крвав“ секогаш кога врне силен дожд

Точка

13/03/2025

17:15

404

Големина на фонт

а а а

Хормуз е ирански остров кој се простира на околу 42 квадратни километри во Персискиот Залив.

Некои го нарекуваат остров на виножитото затоа што опфаќа почва која се движи од светложолта преку интензивно црвена до темнозелена боја.


На овој остров, кој е на околу осум километри оддалечен од иранското копно, особено внимание на туристите привлекува црвената плажа, која го добила името по неверојатната боја на почвата, која се должи на високата концентрација на железен оксид.


Не само што е посебно искуство да се ужива во погледот на оваа плажа за време на сончево време и да се шета по сувата црвена почва, туку кога ќе почне да врне, водата почнува да се слева од блиската планина, а заливот околу неа станува „крвав“.

Благодарение на социјалните мрежи, снимките од „крвавата“ плажа и заливот околу Хормуз почнаа да се шират низ интернетот, предизвикувајќи чудење и восхит.


Во минатото, црвената почва се користела за различни намени – се извезувала и користела во козметичката индустрија, за боење стакло и керамика, но и за храна.



Мештаните црвената почва ја нарекуваат гелак, а ја користат како зачин во својата кујна. Таа е составен дел од црвениот сос „sooragh“, во кој уловената риба се маринира заедно со кора од портокал.


Гелак игра важна улога во гастрономијата на регионот и се користи и во слатки и во солени јадења – од домашни џемови до тенки погачи наречени „томши“.