Наместо три ипол, две години затвор доби возачот кој ја усмрти на пешачки премин ја усмрти 22-годишната Теодора Ристевска во Тетово.
Ова е пресудата на Основнниот суд во Тетово, откако процесот 2,5 години се влечеше низ правосудните лавиринти. Казната е изречена по признание на вина.
Јавноста со право е вознемирена. Основниот суд во Тетово досуди 24 месеци затвор за возачот кој на прешачки премин смртоносно ја прегази 22-годишната Теодора Ристевска, доби две години казна затвор.
Ова е пресудата на Основнниот суд во Тетово, откако процесот 2,5 години се влечеше низ правосудните лавиринти. Казната е изречена по признание на вина.
Рочиштето се одржа откако претходните две се одложија, оти возачот, Менсур Пајазити, бил во болница.
Случајот досега помина низ неколку судски лавиринти. Во ноември 2023 година, Основниот суд во Тетово му изрече казна од три и пол години затвор, но Пајазити ја обжали пресудата. Апелациониот суд му ја намали казната на две години, а Врховниот суд, на барање за вонредно преиспитување, ги укина двете пресуди и го врати случајот на почеток.
Пајазити се товари за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, со можност за казна затвор од една до пет години.
Семејството на Теодора, иако изморено од постојаните судски одложувања и пресврти, остануваше дека е решено – правдата, колку и да доцни, мора да дојде.
Ева Ристовска, сестра на Теодора, низ солзи, рече дека казната од две години нема да ја врати жртвата, ама ќе ја олесни маката на семејството. Таа праша, како да запали свеќа на гробот на нејзината сестра и да и каже да биде задоволна со казната.
„Колку вреди животот во Македонија, колку вреди животот на сестра ми? Дали може некој да ја врати нејзината младост, мојата младост? Две години го осудија човеков, што уби човек. Две години го осудија. Дали некој ќе ми објасни некој колку вреди животот на сестра ми? Со две години треба да бидеме задоволни, со две години треба да и запалам свеќа и да и речам: со две години биди задоволна, ова е законот во Македонија. Не, не може со две години. Максималната казна од пет години мене нема да ми ја врати Теодора, ќе ми ја олесни маката, ќе каже на секој еден што ќе го доживее истово, не дај Боже, дека ќе има правда. Сите веруваа во правда и јас верувам. И јас верувам дека ќе се смени оваа од две години и ќе остане барем максималната казна. Верувам силно дека Теодора нѐ гледа и плаче многу повеќе него јас. И верувам дека силата нејзина е во мене. Нема да се откажам, Теодора мора да спие мирно“, рече Ева Ристовска.