Незадоволни навивачи на Порто имале жесток судир со полицијата.
Големото португалско дерби меѓу Порто и Бенфика на стадионот „Драгао“ беше обележано со жесток судир помеѓу домашните навивачи и полицијата.
Порто на својот терен доживеа тежок дебакл – екипата од Лисабон славеше со резултат 1:4.
Покрај дебаклот на Порто, натпреварот беше обележан и со инцидент што се случи на трибините на стадионот „Драгао“.
Незадоволни навивачи на Порто во еден момент влегоа во жесток судир со полицијата, која реагираше брутално. Извадија пиштоли и пукаа кон навивачите со гумени куршуми.
Среќа, никој не беше сериозно повреден.
Porto vs Benfica last night... 🇵🇹👊 pic.twitter.com/o39mRMYFqK
— Football Fights (@footbalIfights) April 7, 2025