[ФОТО/ВИДЕО] Кина го гради највисокиот мост во светот – Го скратува патувањето од 2 часа на 1 минута

Точка

16/04/2025

17:44

2.035

Големина на фонт

а а а

Кина планира во јуни да го отвори највисокиот мост во светот, што претставува најнов инженерски подвиг на земјата позната по големите инвестиции во инфраструктурата, пишува Си-ен-ен.

Во моментов мостот над големиот кањон Хуаџианг во провинцијата Гуижоу е при крај. Мостот ќе биде висок 625 метри над нивото на реката, што е за 289 метри повисоко од претходниот рекордер, вијадуктот Мило во Франција. Гуижоу е планинска провинција со исклучително сложен релјеф, а мостот поминува преку длабокиот и тесен кањон Хуаџианг, кој локалното население го нарекува и „пукнатина во земјата“.


Патувањето преку кањонот ќе се скрати од 2 часа на само една минута

Со години, Кина спроведува обемна кампања за модернизација на својата инфраструктура, особено во релативно неразвиените планински области како што е Гуижоу, кој се наоѓа на 1.300 километри западно од градот Шенжен.

Овој мост не се гради само за да соборува рекорди. Кога ќе биде пуштен во употреба, значително ќе го олесни патниот транспорт. Според извештаите на кинеските државни медиуми, мостот ќе го скрати патувањето преку кањонот Хуаџианг од два часа на само една минута.

Станува збор за висечки челичен мост со решеткаста конструкција, со вкупна должина од 2890 метри. Изградбата официјално започнала на 18 јануари 2022 година, а се очекува да биде завршена на 30 јуни 2025 година, според локалните медиуми во Гуижоу. Челичните решетки на мостот тежат вкупно околу 22.000 тони, што е еквивалентно на тежина на три Ајфелови кули.

„Прв ваков мост во светот“

„Во моментов, целокупниот напредок на градилиштето достигнал 95%, а планирано е мостот да биде отворен за сообраќај во втората половина на 2025 година“, изјавил за „China Daily“, Џанг Шенглин, главен инженер на „Guizhou Highway Group“.

„Тогаш, овој мегапроект кој преминува преку „пукнатината во земјата“ ќе стане првиот таков мост во светот во двете насоки. Тоа ќе биде уште еден проект што ќе ја демонстрира силата на Кина на полето на инфраструктурата“, додал Џанг. Инаку во моментов, речиси половина од 100-те највисоки мостови во светот се наоѓаат во провинцијата Гуижоу.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk