Една од најубавите тенисерки во светот застана покрај легендарниот кошаркар – сите останаа во шок поради нејзината висина!

Точка

09/04/2025

12:29

3.569

Големина на фонт

а а а

Шарапова беше во високи потпетици и речиси беше еднакво висока како и Џонсон.

Една од најубавите спортистки на светот, поранешната руска тенисерка Марија Шарапова (37), ретко се појавува во јавноста, но кога ќе се појави – се погрижува сите да ја запаметат!

Токму тоа се случи пред неколку дена, кога стоеше покрај поранешниот НБА кошаркар Меџик Џонсон (65) за време на церемонија на холивудската патека на славните.

Шарапова беше во високи потпетици и речиси беше еднакво висока како и Џонсон.


За споредба, Марија Шарапова е висока 188 сантиметри, додека легендарниот кошаркар на Лејкерс е висок 205 сантиметри.

Русинката се повлече од тенисот пред пет години, а сега по подолго време се појави на прославата на тениската икона Били Џин Кинг (81), легендарната американска тенисерка која шест пати го освоила Вимблдон, четири пати УС опен, и по еднаш Ролан Гарос и Австралија опен.