Брутално си го претепал синот, а ќерка му се одрекла од него: Џеки Чен важеше за најљубезниот човек, но бил насилен и пијаница

Точка

09/04/2025

14:00

3.284

Големина на фонт

а а а

Џеки Чен со децении важи за еден од најомилените актери во светот, особено поради својата харизма, насмевка и акциски хумор.

Но, зад тоа слатко лице со години се криел човек со длабоко проблематично минато – насилен, пијаница, и татко од кого дури и ќерка му се откажала.

Легендата на боречките вештини и холивудски миленик неодамна наполни 71 година. Од 1960-тите наваму има одиграно преку 150 филмови и оставил неизбришлива трага во светската кинематографија, мешајќи акција и хумор во уникатен стил што милиони го засакаа.


Од дете оставено во интернат, до човек со 10 милиони долари

Роден на 7 април 1954 година во Хонг Конг, Чен потекнува од крајно сиромашно семејство. Родителите биле во толку лоша финансиска состојба, што размислувале да го продадат на британски лекар за 200 долари. На седум години го оставиле во интернат, заминувајќи за Австралија во потрага по работа.

Таму, на училиште, наставникот му го скршил носот со стап. Но, со време, го научил занаетот – акробации, боречки вештини, и глума.


Откако дипломирал, добил улоги во седум филмови и го срушил Гинисовиот рекорд со 1.600 повторени сцени. Истовремено, држел уште еден рекорд – најмногу различни улоги во еден филм: сценарист, главен актер, продуцент, директор на фотографија, координатор, па дури и снабдувач со храна.

Алкохол, насилство и неверства

Но со славата дојдоа и парите – а со парите и проблемите.


„Кога ги заработив првите големи пари, веднаш почнав да трошам без контрола. Возев Порше наутро, Мерцедес навечер – секогаш пијан“, напиша Чен во својата автобиографија објавена во 2015 година.

Почнал да пие претерано, а алкохолот го направил агресивен. Женет со тајванската актерка Џоан Лин, Чен признал дека бил насилен татко.

„Еднаш го удрив синот Џејси толку силно што прелета преку собата и падна на креветот. Жена ми беше шокирана“, се присети Чен.


Вонбрачно дете и отфрлена ќерка

Во книгата призна и дека ја изневерувал сопругата – меѓу другото и со убавицата Елејн Нг Џи Ли, Мис Азија 1990, со која ја добил својата вонбрачна ќерка Ета Нг.

Ета никогаш не го прифатила како татко. Често го обвинуваше за хомофобија, а еднаш дури објави:


„Дома е таму каде што љубовта постои. Крвта не значи ништо ако нема разбирање“.

Таа дури и тврдела дека живеела на улица, додека нејзината мајка тоа го негирала. Но Ета била решена да го отфрли татко ѝ од својот живот.

Касно каење, доцна извинување

Иако долго молчел за темните делови од својот живот, Чен признава дека денес жали за многу работи – особено за начинот на кој се однесувал кон сопругата.

„Се коцкав, ја изневерував. Таа заслужуваше подобро. Јас сум среќен што Лин остана покрај мене – посилна е од мене во секој поглед“, вели актерот денес.