Интер го доби Баерн во Минхен и се стекна со предност во битката за пласман во полуфиналето на Лигата на шампионите.
Калчолигашот славеше на „Алијанц Арена“ со 2-1 во меч во кој во двете полувремиња по еднаш ја затресе мрежата на домаќините, а еден од стрелците беше Лаутаро Мартинез кој атрактивно реализираше во 38 минута.
- Толку многу разговаравме по ремито со Парма. Сакаме да продолжиме да се подобруваме и ако сакаме да победиме, тоа мора да го оставиме зад нас за да го добиеме резултатот овде. Овој настап беше комплетен во секој поглед, покажавме карактер, квалитет, добро се справивме со посед и без него него против силен противник.На огромен стадион против голем тим, момците докажаа што можат и дека заслужуваат да го носат овој дрес, - истакна капитенот Мартинез кој ги предупреди соиграчите да бидат внимателни затоа што ништо не е готово во ова соочување.
- Нашиот учинок и став мора да бидат исти и во реваншот. Им ја одземавме топката во првото полувреме и видовме колку страдаа, па ни треба квалитет и одлучност, - заклучи Аргентинецот.