[ВИДЕО] „Ел Класико“ понуди фудбалска рапсодија со седум голови, Барселона на чекор од титулата во Ла Лига!

Дерби

11/05/2025

18:28

1.885

Големина на фонт

а а а

Барселона е на чекор од нова титула во шпанската Ла Лига и обединување на сите трофеи во домашното првенство оваа сезона, откако во клучната битка со Реал Мадрид оствари голема победа во натпревар кој ќе остане во сеќавање уште долго.

Во еден неверојатен фудбалски празник на „Монжуик“, Барселона излезе како победник и покрај тоа што имаше лошо отворање на дербито, а со самото тоа дојде на чекор од титулата во Примера.


Реал Мадрид прв зададе два удари со два погодоци на Килијан Мбапе, но како и на двата натпревари против Интер, Барса повторно се врати од два гола негатива и успеа да направи пресврт уште до полувремето.


Гарсија, Јамал и Рафиња во два наврати се погрижија за предност од 4:2 уште на паузата, па во второто полувреме гледавме доста попретпазлив фудбал од домашниот тим, кој сепак ги однесе до посакуваната цел.

Мбапе постигна и трет гол и комплетираше хет-трик за 4:3, но во самата завршница тој и Муњоз не реализираа зицери за 4:4, откако претходно не беше досуден чист пенал за Барселона.


Во самиот финиш, Фермин Лопез погоди за 5:3, но овој гол беше поништен поради играње со рака од судијата Ернандес.

На три кола пред крајот, Барса сега има седум бодови повеќе од Реал, па може да ја слави титулата во Ла Лига веќе во наредната рунда.

Седумте погодоци погледнете ги ТУКА.