Бобан за изборот на УЕФА за играч на натпреварот Баерн-Интер: Не го разбираат фудбалот…

Дерби

09/04/2025

12:59

2.094

Големина на фонт

а а а

Интер се избори за вредна победа на гостувањето кај Баерн Минхен во Лигата на шампионите и со предност од 2-1 ќе го дочека реваншот во Милано закажан за наредната седмица на „Џузепе Меаца“.

„Нероаѕурите“ функционираа перфектно на „Алијанц Арена“, знаеја што сакаат од мечот од почеток до крајот и дојдоа до славје кое ги носи поблиску до полуфиналето.

УЕФА за играч на натпреварот го прогласи дефанзивецот Алесандро Бастони, избор со кој не се согласува легендарниот Звонимир Бобан.

- Многу малку разбираат од фудбалот, со сета должна почит кон Бастони. Да се ​​даде наградата на дефанзивец по таква победа немаше апсолутно никаква смисла. Тоа никогаш немаше да се случи кога јас бев на чело на УЕФА, - вели Бобан кој смета дека Мартинез и Тирам биле далеку подобар избор.

- Тие никогаш не играле на овој начин за Интер, можеби никогаш во нивните животи. Напаѓачкото дуо беше неверојатно, секако без да одземе ништо од целата екипа за комплетниот настап. Напаѓачите беа едноставно фантастични, неверојатни. Мхитарјан и Барела одлично ја читаа играта и имаа неколку елегантни додавања. Можеби, тие беа незабележани затоа што напаѓачите беа толку доминантни. Бев импресиониран од нивниот карактер, - додаде Хрватот.

И Фабио Капело се сложува со Бобан.

- Ако требаше да биде дефанзивец, можеби Карлос Аугусто поради асистенцијата. Го обожавам Бастони, тој има класа и одигра одличен натпревар, но јас ќе гласав за Лаутаро, - порача Фабио.