Гледачите велат: Поради овој филм размислуваме за раскинување

Точка

09/04/2025

17:15

3.401

Големина на фонт

а а а

Романтичните комедии последниве години минуваат низ нова фаза – тие веќе не се само лесна забава, туку често носат подлабоки пораки и предизвикуваат силни емотивни реакции. Токму кога се чинеше дека овој жанр станал заситен и предвидлив, се појави нова приказна која успеала да ја освои публиката со својата топлина, препознатливи теми и искрени емоции.

Филмот, кој неодамна пристигнал на стриминг платформата, веќе поттикнал многу луѓе да размислуваат за нивните животни избори, врските, па дури и за сопствените соништа.


Станува збор за филмска адаптација на романот на Лори Нелсон Спилман, во режија на Адам Брукс. Филмот следи млада жена која, по смртта на нејзината мајка, добива необична задача: да исполни список на животни цели што ги запишала како тинејџерка. Низ овој процес таа ја открива својата семејна историја, се соочува со сопствените вредности и со прашањето што навистина сака од животот, а на ова патување, секако, не е исклучена ниту љубовта. Филмот го комбинира лежерниот тон на романтична комедија со подлабоки размислувања за тоа кои сме и што сакаме да бидеме.


Главната улога ја толкува Софија Карсон, позната по улогата во филмот „Purple Hearts“, додека во приказната ѝ се придружуваат Кајл Ален („The In Between“), Себастијан де Соуза („Fair Play“) и Кони Бритон („Nashville“).

Карсон ја толкува Алекс, млада жена чие патување се претвора во само-откривање и емоционален раст преку загуба, откривање и повторно поврзување со сопствените соништа. Иако се работи за романтична приказна, филмот успеал да постави важно прашање: што би направиле кога би добиле шанса повторно да го осмислиме сопствениот живот?

Реакциите на публиката јасно покажуваат колку филмот погодил во сржта. На социјалните мрежи гледачите споделуваат дека плачеле речиси цело време додека го гледале филмот, а некои признале дека по гледањето дури и ги преиспитале своите врски или донеле важни животни одлуки. „Не знаев дека романтична комедија ќе ме натера да го преиспитам мојот живот“, коментирала една гледачка, пренесе „Unilad“. Друга додала: „Го завршив филмот во солзи, но и со чувство дека сепак можам да тргнам по друг пат“.

Самата Карсон изјавила во едно интервју: „Луѓето ми велеа дека после филмот ги оставиле своите момчиња или дале отказ. Тоа е моќта на ваквата приказна: нè потсетува на она за што некогаш сме сонувале“.

Инаку филмот „The Life List“ можете да го гледате на Нетфликс.